-->
-->
Бајден: Ликвидиран лидерот на ИСИС, се самоубил и со себе во смрт однел 12 члена од семејството
-->
Американскиот претседател Џо Бајден денеска потврди дека американските сили го убиле лидерот на ИСИС.
„Синоќа, по моја наредба, американските воени сили во северозападна Сирија успешно презедоа антитерористичка операција за да го заштитат американскиот народ и нашите сојузници и да го направат светот побезбедно место“, рече Бајден во изјавата.
„Благодарение на вештината и храброста на нашите вооружени сили, го отстранивме од бојното поле Абу Ибрахим ал Хашими ал Курајши, водачот на ИСИС. Сите Американци безбедно се вратија од операцијата. Господ нека ги заштити нашите војници“, истакна Бајден.
Американските сили за специјални операции извршија голем антитерористички напад во северозападна Сирија рано утрово, соопшти Пентагон.
Според првите информации, во операцијата која траела повеќе од два часа во селото Атмех во близина на турската граница загинале 13 лица, меѓу кои шест деца и четири жени.
Според медиумите, Ал Курејши се самоубил и со себе до смрт однел 12 членови од неговото семејство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам