-->
-->
Денес се слави Свети Владимир, голем кнез руски
-->
На крштението наречен Василиј. Син на кнезот Свјастослав, а внук на Игор и Олга. Најпрво беше незнабожец, и според верата и според животот.
Кога дозна дека постојат други вери, почна грижливо да испитува која од нив е најдобра. За ова испрати делегација во Цариград. Кога пратениците се вратија, му соопштија на кнезот дека биле на служба во Православната Црква во храмот на Света Софија и дека биле „надвор од себеси не знаејќи дали се на небото или на земјата“.
Тоа го поттикна Владимир да се крсти и да го крсти својот народ. Главниот идол Перун беше симнат од Киевскиот Рид и фрлен во реката Дњепар. Кога ја прими христијанската вера, Владимир совршено го измени својот живот и сиот труд го вложуваше совршено да ги исполнува заповедите на оваа вера. Нареди насекаде по државата да се ѕидаат цркви наместо урнатите идолишта, а самиот ѝ изгради прекрасна црква на Пресвета Богородица во Киев.
Црквата беше подигната на истото место каде што порано за Христа маченички пострадаа Свети Теодор и неговиот син Јован (под 12 јули). Со истиот оној непоколеблив напор со којшто порано го штитеше идолопоклонството, Светиот кнез Владимир потоа го распростре христијанството. Се упокои во Господ во 1015 година.
Светите маченици Кирик и Јулита
Светителката беше од благороден род. Рано остана вдовица со новороденото дете Кирик. Живееше во Ликаонскиот град Иконија и наполно беше предадена на живот во Христа. Нејзиниот син го крсти веднаш по раѓањето, а кога имаше три години, го научи на верата и на молитва онолку колку што може да прими дете на таа возраст.
Кога Диоклецијан нареди да се гонат христијаните, невина крв беше пролеана во градот Иконија во изобилство. Јулита го зеде својот син и се засолни од гневот на незнабожците во градот Селевкија. Но ни таму не беше подобро. Ја фатија како христијанка и ја изведоа на суд. Откако таа ја изјави храбро својата вера во Господ Исус, судијата, за да ја нажали и поколеба, го зеде детето на своите раце и почна да го милува.
Но Кирик викаше на сиот глас: „Пушти ме кај мајка ми, јас сум христијанин!“ И почна да го гребе судијата со рачињата, одвраќајќи го своето лице од него. Судијата се разжести, го тресна детето од земја, го турна со ногата, а тоа се стркала по камените скали и Му ја предаде својата света душа на Господ.
Кога виде како Кирик пострада пред неа, Света Јулита радосно Му заблагодари на Бога Којшто и синот ѝ го удостои со маченички венец. По многу маки беше убиена со меч, во 304 година. Моштите на Светите Кирик и Јулита до денешен ден се чудотворни. Дел од нив се наоѓа во Охрид, во црквата на Пресвета Богородица Болничка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп