-->
-->
Дескоска ќе учествува на регионален дијалог за борба против недозволената трговија во Сиракуза
-->
Министерката за правда Рената Дескоска е во дводневна посета на Меѓународниот институт за правда и човекови права од Сиракуза каде ќе учествува на Регионалниот стратешки дијалог на високо ниво за недозволена трговија во Југоисточна Европа.
Дијалогот, како што соопшти Министерството за правда, ќе ги опфати и вклучи министрите и другите високи национални функционери од целиот регион, како и клучните регионални и меѓународни партнери посветени на борбата против недозволената трговија.
Целта на настанот е да се вклучат клучните национални, регионални и меѓународни лидери и креатори на политики во стратешки дијалог за заедничките предизвици и стратешки можности во борбата против недозволената трговија на Југоисточна Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена