-->
-->
Девет цивили убиени во воздушни напади на американските сили во Авганистан
-->
Девет цивили се убиени, а петмина други се ранети во воздушни напади на коалициските сили во западната авганистанска провинција Фарах, пренесоа руските медиуми, повикувајќи се на локалните власти.
Според претставници на локалната болница, тројца од ранетите цвивили се наоѓаат во многу тешка состојба и се префрлени во болница во соседната провинција.
Локални претставници на власта ја повикаа централната власт да го истражи инцидентот и да преземе сериозни мерки за спречување на слични инциденти.
САД и нивните сојузници во Авганистан од 2001 година преземаат акции против талибанците и другите групи. Оваа воена кампања е најдолгата во историјата на американските вооружени сили.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд