-->
-->
Ерјавец: Словенија ќе прими околу 2.000 бегалци
-->
Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец изјави денеска дека неговата земја повеќе нема да се противи на воведувањето квоти за бегалци во ЕУ и дека е подготвена да прифати околу 2.000 бегалци.
- Повеќе нема да се противиме на задлжителните квоти и сметам дека за Словенија не би требало да биде проблем да прифати околу 2.000 бегалци, изјави Ерјавец во Брисел, пред неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ.
Европската комисија идната недела треба да ги одреди точните квоти за распределување на 160.000 бегалци низ земјите членки на ЕУ врз основа на бројот на жители и економски развој. Според проценките Словенија би требало да прими околу 2.000 бегалци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест