Еве какво невреме не очекува утре
Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од осум до 14 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со слаб ветер од северозападен правец. Врнежи од дожд ќе има во ноќните часови. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до девет степени.
Нов влажен бран ќе има во четврток во ноќните часови и во петок кога повторно наместа врнежите ќе бидат пообилни и над 35 л/м2 воден талог. Поради спуштање на постуден воздух на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег, а ќе се формира и снежна покривка особено во западните делови.
Во петок ќе дува умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од пет до 10 степени. Потоа следува стабилно и суво време со умерен северен ветер.
Ново на Сител
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд