-->
-->
Фјури го победи Кличко!
-->
Британецот Тајсон Фјури ја прекина доминацијата на Владимир Кличко во тешка категорија, откако слваше со едногласна одлука на судиите, на мечот во Диселдорф.
Фјури остави подобар впечаток во текот на мечот, иако на почеткот го изненади Кличко со својата дефанзивна тактика. Доминацијата на Британецот ја потврдија и судиите кои едногласно му ја доделија победата: 115:112, 115:112, 116:111.
Фјури ги освои титулите во верзиите на WBA, WBO, IBF, IBO и магазинот The Ring, а против Кличко (39) ја забележа својата 25-та победа во исто толку мечеви во професионланата кариера.
Кличко со светскиот бокс владееше од 2004 година, последниот пораз го доживеа од Американецот Лемон Бевстер. Украинецот против Фјури по 19-ти пат ја бранеше титулата и го забележа четвртиот пораз во 68-от меч.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости