„Главен град на сексот“ - Место во кое е срамота да имаш една девојка!
Некои тоа би го сметале за одвратно изневерување, но во еден кинески град да имате три девојки истовремено е сосема нормално. Еден маж од градот Донгуанг, во провинцијата Гуангдонг изјавил за медиумите дека би му било „срам“ ако имал само една девојка. Веројатно претерува, но не премногу.
Причината за тоа е едноставна - понуда и побарувачка. Имено, во градот од шест милиони жители има голема разлика меѓу половите, само 89 мажи на секои 100 жени. Причината за тоа е што локалните шефови преферираат женски работници, бидејќи ги сметаат за повредни.
- Имам три девојки и сите знаат една за друга. Многу мои пријатели исто така имаат повеќе девојки, вели работникот во фабрика Ли Бин.
- Таквата ситуација е „целосно нормална“, вели Ксиао Лин. Млади и убави работнички во фабрика има насекаде. Едноставни се и наивни, зашто да немаш неколку.
Од локалната служба за женските права велат дека жените го игнорираат однесувањето на своите партнери бидејќи и тоа е подобро отколку да бидат сами.
Таквата ситуација го претворила Донгуанг во „главен град на сексот“, со оглед на тоа што има многу млади жени кои се подготвени да се впуштат во односи со мажи за кои знаат дека веќе се во врска со друга жена.
Најголемата иронија е тоа што ова се случува во држава која поради политиката на едно дете има милиони мажи повеќе отколку жени, пишува Индепендент.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло