-->
-->
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-->
Во Делчево и Македонска Каменица во првиот круг од претседателските избори до 13:00 часот процентот на излезност се движи од 24 до 29 отсто.
Како што информираа од Општинската изборна комисија, во Делчево до 13 часот во оваа општина гласале 4200 граѓани од 14.490 граѓани со право на глас, колку што се запишани во избирачкиот список.
- Во проценти излезноста на гласачите во Делчево е 29 отсто до 13:00 часот. Гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера, без никакви проблеми, информираа од ОИК Делчево.
Во Македонска Каменица 1598 или 24,06 проценти од гласачите го оствариле своето право на глас до 13:00 часот на првиот круг од претседателските избори 2024.
Вкупниот број на гласачи во избирачкиот список во оваа општина изнесува 6641 лице.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови