Македонија
29. November 2015 - 11:41

Изминатите 24 часа на Табановце излегле 3.663 лица со воз

На Табановце во изминатите 24 часа (сабота 0:00-24:00) пристигнале и заминале вкупно 3.663 лица, сите со воз.

Во Привремениот транзитен центар во Гевгелија во моментов има регистрирано 600 лица, кои се во подготовка да заминат со воз, а за регистрација се подготвуваат уште околу 100 лица.

На грчка страна, на Граничната кота 59 во моментов нема бегалци. Има само 2.000 економски мигранти, кои засега биле мирни.