Канибалот Коста бил хероински зависник, а девојката ја убил во 2011 година во Шпанија. Жената имала 41 година и две деца, па се развела, а Дурант тогаш, бил во бегство поради два грабежи на банка. Карен ја запознал во Бенидорм по нејзиниот развод каде се преселила во потрага по подобар и помирен живот. Недели подоцна, полицијата провали во нејзиниот стан каде пронајде крв, нож и пила со траги од човечко месо, но без тело.
Дурант во полиција рекол дека ја удрил со голем чекан.
„Откако ја убив, ја исеков со пила на помалите делови и ги изедов оние делови што сметав дека се јадат“, рече тој.
Дурант е осуден на 12 години затвор, а казната ја служеше во Велика Британија. Всушност, се вратил да ја отслужи ддругата казна и тоа за грабеж во траење од осум и пол години.
Дурант неодамна се досели во еден кварт во Лондон. Откако дознаа кој е нивниот нов сосед, жителите на населбата се загрижени и велат дека овој канибал многу пие и излегува по баровите. Но и го избегнуваат во голем лак.