-->
-->
Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети
-->
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера го надгледуваше пробното истрелувањето ракети од 240 милиметри од повеќецевни лансири, произведени од новоформираната фабрика на воената индустрија, објави денеска агенцијата КЦНА.
Се верува дека Северна Кореја го зголемува производството на артилерија, а САД и Јужна Кореја ја обвинуваат дека ја снабдува Русија со оружје.
Пробното истрелување покажа дека ракетите ги исполнуваат потребните стандарди за точност и досег, соопшти КЦНА.
Ким изјави, пренесе КЦНА, дека повеќецевниот ракетен систем, што вклучува нова технологија, „ќе донесе стратешка промена во зајакнувањето на артилериските способности на војската“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови