Ќерката на Мајкл Џексон објави „морбидна“ фотографија
Парис Џексон, ќерката на музичарот Мајкл Џексон, објави на Твитер обработена фотографија на која стои како дваесетгодишна девојка меѓу нејзиниот татко и мајка и, Деби Рои.
Иако фотографијата изгледа како портрет на среќно семејство, оваа сцена е невозможна бидејќи славниот музичар почина кога Парис уште беше дете, а со нејзината мајка водеше битка за старателство.
Фотографијата наиде на многу негативни коментари, а некои ја нарекоа дури и морбидна.
Но, ќерката на покојниот музичар бргу одговори на коментарите.
- Мислам дека е во ред да се мечтае за тоа колку е убаво да имате родители, па дури и тоа ако е на обработена фотографија на која можеме да ги гледаме, наведе Парис.
По оваа објава многумина застанаа на нејзина страна, коментирајќи дека го разбираат она низ кое таа поминува. Некои отидоа и чекор понапред и ја охрабруваат да направи нови слични фотографии.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес