Македонките се мажат најмлади во регионот, на 26 години
Жените во С Македонија најмлади стапуваат во брак споредено со другите земји во регионот. Просечната возраст на која Македонките се мажат е 26,6 години, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.
Девојките во Црна Гора стапуваат во брак просечно на 27,5 години, во Бугарија на 28,3, во Србија на 28,5, во Хрватска и во Косово на 28,8, а во Грција на 30,9 години.
Во повеќето европски земји, жените стапуваат првпат во брак на над 30 годишна возраст. Забележлива е разликата во западна и во источна Европа, колку се оди позапад, толку е поголема просечната возраст.
Најмлади се мажат Украинките на 24,9 години, девојите во Белорусија на 25,1 и во Турција на 25,2 години.
Жените во Шведска, пак, стапуваат во брак просечно на возраст 34,8 години, во Шпанија на 34,7, а во Норвешка на 34,1 година.
„Ландгеист“ забележува и дека возраста на која жените стапуваат во брак не мора да значи дека тие подоцна влегуваат во врска или основаат семејство. Ако се погледне картата на уделот на раѓања надвор од брак, се чини дека се повеќе парови прво раѓаат деца, а потоа стапуваат во брак или воопшто не стапуваат во брак.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите