Младинскиот црковен хор „Св.Кирил и Методиј“ освои трето место на натпревар во Грција
Младинскиот камерен црковен хор „Св Кирил и Методиј“ од Велес го освои третото место во конкуренција на 20-тина хорови на Меѓународен хорски натпревар, што се одржа во Катерини, Грција.
Диригентот на хорот Веселинка Маџарова Андова денеска на прес-конференција рече дека на натпреварот настапиле со четири композиции од различен музички карактер. На натпреварот учествувале хористи од Естонија, Бугарија, Србија, Полска, Австрија, а победил хор до Русија.
Младинскиот камерен црковен хор „Св Кирил и Методиј“ од Велес брои 22 хористки од 11 до 20 година возраст и најчесто на репертоарот има духовни и световни композиции, а секоја недела настапува на литургиите од црквите во Велес. Хорот работи од 2012 година под патронство на Епархијата Повардарска и владиката Агатангел.
Владиката Агатангел денеска ги прими хористките и им честиташе за големиот успех.
- Овој хор е амбасадор на македонската духовна музика и македонското хорско пеење, а нивниот голем труд со оваа награда е вреднуван, потенцира владиката Повардарски Агатангел.
Хорот планира во 2016 година да учествуваат на меѓународниот хорски натпревар кој секој октомври се одржува во Русија. ад/16:02
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024