МНР: Тројцата македонски државјани на крузерот во Јокохама во добра здравствена состојба
Тројцата македонски државјани кои се наоѓаат на бродот „Дајмонд Принцес“ во пристаништето во јапонскиот град Јокохама се во добра здравствена состојба, соопшти денеска Министерството за надворешни работи.
Крузерот е во двонеделен карантин во пристаништето во Јокохама, откако кај еден патник што се симнал од бродот во Хонг Конг му бил дијагностициран новиот коронавирус.
Од МНР посочуваат дека Амбасадата на Република Македонија во Токио остварила директна комуникација со тројцата македонски државјани кои се наоѓаат на бродот „Diamond Princess” во Јокохама. Станува збор за двајца мажи и една жена, членови на екипажот.
Бројот на случаи со коронавирус на бродот, кој е во карантин, се зголеми на 130, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на извор од јапонското Министерство за здравство. На бродот има околу 3.700 патници и членови на екипаж.
Од коронавирусот досега починаа 910 лица, од кои 908 во Кина, а заразени се над 40.000. Поголем дел од смртните случаи се во кинескиот град Вухан, каде почна епидемијата.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи