Над 1.000 бегалци тргнаа пеш од Будимпешта кон Австрија
Над 1.000 бегалци денеска тргнаа пеш од железничката станица Келети во Будимпешта кон австриската граница.
Голема група бегалци, меѓу кои и лица во инвалидски колички, како и родители со деца, се подготвени да пешачат 175 километри до границата со Австрија.
Некои од бегалците носат фотографии на германската канцеларка Ангела Меркел, која неодамна најави дека официјален Берлин ќе го олесни процесот за добивање азилантски статус за Сиријците.
Бегалците што тргнаа пеш кон Австрија се дел од групата 2.000 лица, кои неколку денови беа заглавени на меѓународната железничка станица Келети во главниот град на Унгарија Будимпешта.
Унгарското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека годинава 150.611 бегалци поднеле барање за азил, меѓу кои 50.413 Сиријци.
Ново на Сител
-
Вербални закани кон претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, случајот пријавен во полиција
-
Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип
-
Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче
-
Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска