Нов скандал во Формула 1 - Претседателот на ФИА под истрага за манипулација со резултати
Нов скандал го тресе светот на Формула 1. Овој пат во центарот на скандалот е претседателот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), Мохамед бин Сулејем, против кого се води истрага за манипулации со резултати во сезоната 2023, информираат светските медиуми.
Според „Би-Би-Си Спорт“, повикувајќи се на анонимен извор од ФИА, Бин Сулејем имал директно влијание врз одлуката на стјуардите да ја поништат казната од 10 секунди на Фернандо Алонсо на минатогодишното Гран При на Саудиска Арабија.
Двократниот светски шампион потоа заврши трет на трката во Џеда, но беше казнет со спорните 10 секунди веднаш по церемонијата на доделување награди. Причината за оваа казна е неправилно издржување казна од 5 секунди што му беше досудена на почетокот на трката.
Екипата на Астон Мартин потоа ја обжали одлуката на стјуардите повторно да го казнат Алонсо и тврдењата на тимот беа уважени, што резултираше со поништување на казната на Шпанецот. Сепак, се чини дека тоа се случило по интервенцијата на Бин Сулејем.
Според изворот на „Би-Би-Си Спорт“, човекот од Дубаи го повикал шефот на ФИА за Блискиот Исток и Северна Африка, шеикот Абдула бин Хамас бис Иса Ал Калифа, кој беше официјален претставник за време на викендот за Големата награда на Саудиска Арабија. За време на тој разговор, Бин Сулејем побарал од стјуардите да ја повлечат одлуката за повторно казнување на Алонсо, враќајќи му го подиумот на Шпанецот.
Ново на Сител
-
САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот
-
Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев
-
Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт