-->
-->
Нова титула во двојки за Ѓорческа
-->
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Шантал Скамлова победија во игра на двојки на фјучрсот во Врњачка Бања и ова за Ѓорческа е осма титула во конкуренција на двојки во 2015 година. Тие попладнево во финалето ги победија српските тенисерки Марина Лазиќ и Бојана Маринковиќ со 2:0 во сетови (6:4 и 6:0) и со тоа ја оправдаа улогата први носителки.
Ѓорческа ќе продолжи со настапите на овој турнир, но во поединечна конкуренција. Таа утре во полуфиналето ќе игра против Габриела Хорачкова од Чешка, која со 2:1 во сетови ја совлада Кристина Милетиќ. Хорачкова се наоѓа на 1006.место на ВТА листата.
Ѓорческа и во поединечна конкуренција е рангирана како прва носителка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости