Околу 880 илјади денари субвенции за млекопроизводителите од паланечко
Во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и воодстопанство од Крива Паланка поднесени се вкупно 92 барања за финансиска поддршка од страна на млекопроизводителите од општините Крива Паланка и Ранковце за произведено и предадено млеко во периодот од мај до септември годинава.
Млекорпизводителите од двете општини имаат предадено вкупна количина од 251.361 литар млеко. Субвенциите за еден литар предадено млеко изнесуваат 3,5 денари, а за предадената количина млеко овие сточари ќе добијат финансиска поддршка од речиси 880.000 денари, информираат од ПЕ на МЗШВ, Крива Паланка.
Ова се однесува на третата фаза од аплицирање за субвенции за млекопроизводство за периодот мај-септември 2015. Во втората фаза јануари-април аплицирале 79 млекопроизводители, додека за прва фаза се смета периодот октомври-декември.
Во општините Крива Паланка и Ранковце се регистрирани вкупно 1.500 земјоделци.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива