Полицијата пронајде оружје при претрес на дом во тетовско Одри
Пушкомитралез, ловечки карабин и 506 куршими со калибар од 7,62 и 12,7 милиметри пронашла полицијата при претрес на дом и помошни простории на Н.С.(51) од тетовското село Одри, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
- Во претерсот реализиран вчера претпладне со соодветна судска наредба, пронајдени се пушкомитралез ДЕ 806 калибар 7,62 милиметри, ловечки карабин „Стејер“, исто така калибар 7, 62 милиметри за кој поседувал дозвола, 406 куршуми калибар 7,62 милиметри ставени во реденик, најлонско ќесе и метална кутија, како и 150 куршуми калибар 12,7 милиметри што се наоѓале во две затворени метални кутии. Сето пронајдено во претресот е фото и видеодокументирано, а потоа со потврда е одземено за вештачење, изјави Јосифовски.
Според неговите податоци, Н.С. неколку часа по претресот вчера бил лишен од слобода по што консултација и координација со јавен обвинител бил задржан во СВР Тетово. Се расветлуваат сите поединости и во текот на денешниот ден, најави Јосифовски, Н.С. со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
Вчера претпладне полицијата извршила и претреси во домовите и помошните простории на уште две лица во село Одри. При тоа во домот на Џ.З.(48) биле пронајдени се две непознати растенија високи околу 2 метри, најверојатно „канабис сатива“, 4 патрони од ловечко оружје калибар 16 милиметри и 1 гасен пиштол. Во домот на Б.Ш.(37) пронајдено е непознато растение високо два и пол метри и скршена гранка од истото.
- Пронајденото е документирано и со потврда одземено додека Џ.З. и Б.Ш. по приведувањето и извршениот разговор биле пуштени и ќе се соочат со поднесоци, рече Јосифовски.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено
-
ЦУК: Два пожара на отворено, најавено минирање кај Бањица
-
Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел
-
Пленковиќ тврди дека има повеќе од 76 пратеници за состав на влада
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците