Пратеничката Зајкова му подари дрес од македонската репрезентација на европратеникот Илхан Ќучук
Пратеничката од ЛДП Моника Зајкова му подари дрес од македонската репрезентација на Илхан Ќучук, европратеникот и известувачот за Република Македонија во Европски парламент.
– Важно е да не дозволиме евроскептицизам и омразата помеѓу народите, мора да разговараме на заеднички јазик, и да создадеме врски кои се базираат на разбирање и меѓусебен интерес. На тој начин ќе обезбедуваме да течат трговски односи, инфраструктура и образовни политики кои се клучни за добро функционирање на двете држави, истакна Зајкова.
Според неа многу македонски студенти студираат на Универзитети во Бугарија што ја зајакнува интеркултурната комуникација потребна за добри билатерални односи.
– Споровите се решаваат со компромиси и соработка каде двете држави добиваат, и не треба да се пречка за евроинтеграции и стабилноста на двете држави во Европа. Важно е да се подржуваме како соседи на сите полиња, и во политиката и во спортот, додаваа таа.
За пратеникот Боби Мојсоски од ЛДП кој исто така присуствуваше на средбата, евроинтеграциите се важни за да создадеме стабилност помеѓу народите, особено важни за да ја зајакнат нашата држава, а билатералните спорови не треба да се пречка за европска интеграција на нашата држава.
Дресот според Зајкова е симбол за бодрење и поддршка од соседот на претстојното Европско првенство на кое е пласирана нашата фудбалска репрезентација како соседи, но и за развој на добрососедски односи.
ЛДП
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста