Претседателски и парламентрани избори во Буркина Фасо
Во Буркина Фасо денеска се одржуваат првите слободни претседателски и паралментарни избори по 30 години.
На денешното гласање, околу 5,5 милиони граѓани на Буркина Фасо со право на глас треба да го изберат наследникот на Блез Компаоре, кој лани во октомври по 27 години беше принуден да се повлече од претседателската функција, по масовните антивладени протести во земјата.
Како што јави ДПА, во трката за нов шеф на државата учествуваа 14 кандидати, но главната борба се очекува да се води меѓу поранешниот премиер Рош Каборе од Народното движење за напредок (МПП) и екс-министерот за финансии Зеферен Диабре од Унијата за напредок и промени (УПЦ).
Доколку ниту еден од кандидатите за претседател на освои над 50 проценти од гласовите, на 5 декември ќе се одржи втор круг од претседателските избори.
Изборите првично беа закажани за 11 октомври, меѓутоа беа одложени за денеска по неуспешниот обид за државен удар, што во септември го организираше Претседателската гарда лојална на Компаоре.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости