Приведени четири лица на аеродромот во Скопје бидејќи приложиле лажни ПЦР тестови
Полициски службеници на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“-Скопје синоќа привеле четири лица со место на живеење во Швајцарија за приложување на лажни ПЦР тестови, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
-Синоќа во 19:20 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром“-Скопје, полициски службеници ги привеле С.С.(38) од Куманово, со место на живеење во Швајцарија, Е.Џ.(43) од Босна и Херцеговина, со место на живеење во Швајцарија, М.Р.(59) од Швајцарија и П.С.(45) од Швајцарија, поради постоење основи на сомнение дека приложиле лажни негативни ПЦР тестови, се наведува во соопштението на Министерството.
Од Министерството информираат дека бил извршен разговор со нив и било утврдено дека тестовите им ги набавил нивен пријател по цена од 30 евра по тест. Лицата биле задржани за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Високиот крвен притисок причина број еден за смртни исходи
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија