Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил полициски службеник, информираат од МВР за МКД.мк.
„Станува збор за полициски службеник. Случајот е расчистен, поднесена е кривична пријава, а преземени се мерки и од Одделот за внатрешна контрола и ќе биде изготвен извештај, предлог за утврдување на дисциплинска одговорност и за мирување на работното место до завршување на постапката“, велат од МВР за МКД.мк.
Според тетовското обвинителство, сомничениот маскиран со фантомка, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка им се заканил на вработениот во обезбедувањето и на уште едно присутно лице. Ја репетирал автоматската пушка и им наредил на оштетените да легнат на подот, по што од фиоките на касите одзел 329.780 денари.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови