Руски воени бродови впловија во Црвено Море
Руски воени бродови од Пацифичката флота го преминаа теснецот Баб-ел-Мандеб и влегоа во Црвеното Море, објави државната новинска агенција Тасс.
Флотата е составена од крстосувачот „Варјаг“ и фрегатата „Маршал Шапошников“.
– Бродовите ги извршуваат поставените задачи во рамките на поморската кампања на долг дострел, се наведува во соопштението, но не е наведена крајната дестинација на бродовите, ниту пак причината поради која Русија ги испратила бродовите во регионот.
Хутите со месеци вршат напади врз бродови во Црвено Море како одмазда за израелските воени акции во Појасот Газа, принудувајќи многу бродови да ги пренасочат патувањата.
Но, Хутите претходно соопштија дека бродови на Кина и на Русија можат да пловат низ Црвено Море и Аденски Залив и оти нема да бидат нападнати.
Во замена, тие побараа Кина и Русија да им дадат политичка поддршка на Хутите во Советот за безбедност на Обединетите нации.
Ново на Сител
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет
-
Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок
-
Структурни реформи веднаш, за поголем економски раст
-
Македонците најмногу трошат на „Букинг“, а најмногу купуваат на „АлиЕкспрес“