Силјановска: Во Босилово се сретнав со чесни, работливи луѓе што искрено и силно ја сакаат Македонија
Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова вечерва беше во посета на населеното место Босилово.
За време на работната средба таа се сретна со масовно собраните граѓани кои ја поддржаа Силјановска за иден претседател на Република Македонија, но и го изразија своето незадоволство од власта предводена од СДСМ.
-Во Босилово се сретнав со чесни, работливи луѓе што искрено и силно ја сакаат Македонија. Луѓе што наместо да се борат за преживување и за напредок живеат во страв дека поради рудниците кои што власта инсистира да ги отвори ќе живеат во загадена животна средина. Дека ќе се соочуваат со здравствени проблеми како резултат на нарушениот биодиверзитет. На 21 април заедно ќе ја започнеме битката за сите граѓани да можат да живеат достоинствено без страв дека ќе станат жртви на потрагата по профит која може да им го одземе здравјето, стои во Фејсбук статусот на Силјановска.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата