Соботка: Ќе ја поддржиме соработката на ЕУ со Турција, но сакаме гаранции
На денешниот вонреден Самит на ЕУ со Турција, Чешка ќе го поддржи Договорот за продлабочување на соработката, но ќе бара Анкара да овозможи регулација на миграцијата, заштита на сопствените граници и стопирање на слободен шверц на луѓе.
Ова, како што јави дописникот на МИА од Прага, е договорено на синоќешната седница на Владата на премиерот Бохуслав Соботка.
Земјите-членки на ЕУ веќе се договорија во наредните две години со три милијарди евра, од кои Чешка ќе придонесе со 25 милиони евра, да и помогнат на Турција да го совлада проблемот со миграцијата.
- Турција, мора да воведе мерки за заштита на границите за да се овозможи регулација на миграцијата на своја територија и да го запре непреченото функционирање на шверцерите, изјави Соботка.
Чешкиот премиер потенцира дека Европа треба да има контрола над користењето на средствата.
- Една од работите, кои ќе ги барам на состанокот на Европскиот совет е средствата да се ослободуваат по фази и со полна контрола од страна на Европа за што ќе се користат, односно да бидат наменети за намалување на последиците од бегалската криза, додаде Соботка.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена