Сотировски: Македонците се дискриминирани од Општина Тетово и Касами
Директорот на комисијата за верски прашања, Даријан Сотировски поднел претставка до ДКСК поради тоа што смета дека Македонците се дискриминирани од Општина Тетово и градоначалникот.
„Утрово како граѓанин поднесов претставка до Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација, против Општина Тетово и Градоначалникот, а во врска со настанот на 12.04.2024 година на тетовскиот Градски стадион.
Сметам дека јас и жителите со македонска национална припадност сме дискриминирани по основ на потекло, национална припадност и јазик.
Имено, како граѓани имаме рамноправно право за политиките, проектите и настаните на Општината во кои учествуваме преку плаќањето даноци да бидеме информирани на македонски јазик. На настанот да се чувствуваме добредојдени, нашата култура да е подеднакво претставена, покрај останатите да има изведувачи и Македонци, водителот да говори и на македонски јазик, да се виори македонското знаме и да се интонира македонската химна. На ревијалниот натпревар да учествуваат фудбалски ветерани и Македонци и да бидат удостоени и македонските фудбалски клубови. Постапувањето на Општината е дискриминирачко и ги сегрегира граѓаните.
Убеден сум дека големото мнозинство жители на Тетово од различна припадност се согласуваат дека градот може да оди напред само кога е пријатно место за живеење на секој еден човек. Но, мора да се согласиме дека тука има и нелуѓе, и нив мора енергично и постојано да ги разобличуваме.“ - пишува Сотировски.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци