Средба на претседателот Пендаровски со пензионираните генерали во Армијата
Претседателот Стево Пендаровски, денеска оствари работна средба со пензионираните генерали во Армијата на Република Северна Македонија, на која потенцираше дека земјава, како идна членка на НАТО, ја презема обврската да придонесува во овој колективен систем на безбедноста, каде што нашата Армија ќе биде рамноправна и компатибилна со сојузничките армии од другите земји членки на Алијансата, придонесувајќи за глобалната безбедност, соопшти кабинетот на претседателот Пендаровски.
Претседателот и Врховен командант на Армијата, заблагодарувајќи им се на пензионираните генерали за, како што посочи, несебичното залагање и придонес во градењето на Армијата, истакна дека тие и натаму треба да го даваат својот придонес, а државата да го користи нивното знаење и искуство во натамошните реформи, обучување на млади кадри и подготовка на нови законски проекти во интерес на Армијата и државата.
Претседателот нагласи дека ги поддржува реформите во одбраната и развивањето на професионална и модернизирана Армија и рече дека се залага за подобрување на животниот и професионалниот стандард на припадниците на Армијата, како и зголемување на одбранбениот буџет на 2 отсто од БДП согласно критериумите на НАТО.
Пензионираните генерали изразија задоволство и благодарност до Претседателот за организирањето на оваа средба и изразија подготвеност за нивно вклучување во процесите и предизвиците кои претстојат.
Ново на Сител
-
Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцеларија со тројца вработени
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче
-
Монструмот откако ја убил малата Данка седнал да руча во летниковецот