„Талир“ одложен поради отсуство на бранителот на ВМРО-ДПМНЕ
Судењето за предметот „Талир“ на Специјалното јавно обвинителство се одложува за 2 април поради отсуство на бранителот на правниот субјект ВМРО-ДПМНЕ.
„Талир“ се однесува за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ и како нејзин застапник на денешното рочиште присуствуваше портпаролот Наум Стоилковски, кој од судот побара одложување на денешното рочиште бидејќи, како што рече, не сака да настапува без правен застапник поради отсуството на адвокатот на правниот субјект кој го застапува.
Судијата Осман Шабани рече дека денешното рочиште ќе се одложи, но предупреди дека во иднина вакви одложувања нема да бидат прифатливи.
-Ве предупредувам да си ги планирате обврските. Ги знаете термините.Нема да прифатам одлагање од било каква причина. Секое одложување ќе биде санкционирано, само виша сила ќе може да ги одложи, изјави Шабани.
Во овој случај ообвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службенатта положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перње пари“. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.
Минатото рочиште беше одложено поради отсуство на обвинетиот Илија Димовски, бидејќи како пратеник и шеф на собраниската делегација во Парламентарното собрание на НАТО учествувал на заеднички состанок на комитетите во Брисел.
На Елизабета Чингаровска нема да ѝ се суди бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.
Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни луѓе.
СЈО поднесе уште еден обвинителен акт за предметот „Талир“ што се однесува на незаконската изградба на седиштето на партијата.
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип