Во средните училишта во Дебар, Жупа и Ростуше во прва година може да се запишат 544 ученици
Врз основа на конкурсот на МОН за упис во прва година, во учебната 2019/2020 година, во трите средни општински училишта, колку што функционираат во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово Ростуше, можност за упис имаат 544 завршени основци.
-Во нашата установа можност за упис во прва година во новата учебна година имаат 340 ученици, во десет паралелки, од кои четири со настава на македонски и шест на албански наставен јазик. Од нив девет се гимназиска насока, и една паралелка градежно-геодетска, со настава на албански наставен јазик, изјави Шабан Алајбегу, секретар во СОУ „28 ноември“ во Дебар.
Според него, од паралелките со настава на македонски наставен јазик, три се во Дебар и една во село Могорче, во кои вкупно може да се запишат 136 ученици. На албански наставен јазик 170 се за гимназиска и 34 ученици за градежно геодетска насока.
Во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа, според управата, квотата за упис во прва година е 102 ученика. Од вкупниот број, 34 ученици или една паралелка се со настава на македонски, а 68 ученици или две паралелки со настава на турски наставен јазик.
-Во СОУ „Маврово Ростуше“ во Ростуше, седиштето на општина Маврово Ростуше, во прва година право на упис, според Конкурсот, имаат 102 завршени основци, во три паралелки, сите на мајчин македонски јазик, изјави Илбер Имероски, одговорен на Секторот за образование во општината.
За гимназиско образование за упис потребни се минимум 60, додека за градежно геодетска насока 45 поени.
Заедничка е оценката од трите училишта, дека последните години, ни во едно од нив, предвидената квота не била целосно пополнета.
-Главна причина е секако се помалиот број ученици во деветолетките, поради миграцијата. Исто така, дел од учениците, се запишуваат во средни стручни училишта во други градови, во што влијание има бесплатниот престој во ученичките домови, но и вербата дека полесно ќе дојдат до вработување, оценуваат претставниците на училиштата.
Во трите средни училишта и насоките и предвидената бројка за упис се идентични како и во учебната 2018/2019 година, кога квотата била пополнета само околу 50 отсто.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата