За „27 април“ исказ даваат сведоци на одбраната
Со исказ на сведокот Тони Алексовски предложен од одбраната на обвинетиот Душко Лазаров почна денешното рочиште во Кривичниот суд за настаните од 27 април минатата година во Собранието на РМ.
Алексовски бил член на Оперативниот тим чија задача била да помогне во собирање сознанија и да ги следи јавните собири во целата земја и за тоа да го информира надлежниот во Оперативниот штаб. Повремено учествувал и на седниците на Оперативниот штаб, кога во тоа бил спречен Душко Лазаров кој бил член на штабот. Алексовски бил задолжен за одржување ред при јавни собири.
Денеска треба да сведочат и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски и Милунка Јованоска, предложени од обвинетиот Горан Ѓошевски Леви, како и пратеникот Зијадин Села кој е предложен како сведок од обвинетиот Абдуљфета Алими.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест