Детали за тепачката во Ново Лисиче во која малолетник е избоден до смрт
Во тепачка што се случила доцна синоќа после полноќ малолетник е избоден до смрт во скопската населба Ново Лисиче.
Информацијата ја потврди и Министерството за внатрешни работи, а според нивните информации расправијата која кулминирала со тепачка започнала во половина час по полноќ на улицата „Февруарски поход“.
Неколку малолетници од Ново Лисиче започнале расправија со двајца други малолентици која продолжила во физичка пресметка. Осумнаесетгодишно момче во еден момент извадило нож и го прободел една година помладиот Никола.
Прободеното момче со со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде починал. Прободувачот е пронајден и приведен во полициска станица. Се работи на расчистување на случајот.
://nezavisen.mk
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети