-->
-->
Гугл ја отфрли критиката на Трамп дека соработува со армијата на Кина
-->
Компанијата „Гугл“ ги отфрли наводите на американскиот претседателот дека оваа компнија помага на Кина и нејзината армија, јави денеска „Ен-Би-Си Њуз“.
– Ние не работиме со кинеската армија. Ние работиме со американската Влада, вклучувајќи го и Министерството за одбрана, и тоа во повеќе области како кибер безбедноста, кадрите и здравствто, изјави претставник на компанијата.
Трамп претходно на својот Твитер налог напиша соопштение дека „Гугл“ ја помага кинеската армија, но не САД.
Критиката од страна на американскиот претседател до оваа корпорација следуваше откако генералот Џозеф Данфорд, претседател на Комитетот на началници на штабовите на оружените сили на САД, изјави дека дејноста на „Гугл“ во Кина е во полза на армијата на таа земја.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти