-->
-->
Пожар избувнал утринава во селото Русиново
-->
Пожар избувнал утринава околу 4 часот во горниот дел на селото Русиново во Општина Берово и ја пеплосал куќата на семејството Воденски.
Во моментот на пожарот, сите тројца членови на семејството Воденски успеале да излезат од куќата. Чадот од куќата го забележал соседот кој веднаш се јавил во ЕВН за да биде исклучена струјата.
-Станав утрово, слушнав викање излегов надвор и гледам дим. Се јавивме во ЕВН да се исклучи струјата, потоа дојдоа цистерни од противпожарната единица, но веќе се беше изгорено. Луѓето сега се на улица, ќе гледаме да собереме по некој денар, да им помогнеме, вели соседот Вакански Љупчо.
Семејството Воденски по пожарот е во тешка состојба.
– Моментално нема каде да одиме. Од општината ни дадоа клучеви од соба во Владимирово додека се снајдеме. Ова е се што имаме. Ни донесоа некои работи од Центарот за социјални работи, но додека се направи овде една соба во која ќе живееме, ќе биде потребна помош. Апелирам до сите хумани луѓе ако можат да ни помогнат, на било кој начин, вели Маринчо Воденски.
Противпожарната единица од Берово, денеска ги гаснеше остатоците од куќата, чиј внатрешен дел е целосно уништен.
Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски и претседателот на Советот, Јован Матеничарски го посетија семејството Воденски и ја согледаа фактичката состојба, по што најавија дека општината ќе помогне со парични средства.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал
-
ДИК: Двојните избори утре ќе ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, како и 83 странски новинари
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
-
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321