Тодоров: Ние сме и за хуманост и за безбедност
Нашите безбедносни сили имаат уставно право и обврска да ја чуваат и штитат границата и тоа многу успешно го работат, како што и хумано се однесуваат кон мигрантите. Хуманоста и безбедноста не се двојат, тие одат заедно, рече министерот за здравство Никола Тодоров во врска со инцидентот што денеска беше предизвикан од страна на економските мигранти кои се уште се држат на грчка територија.
Тодоров попладнево во улога на раководител на Управувачкиот комитет за менаџирање со бегалци имаше состанок во Гевгелија, придружуван од министерот за одбрана Зоран Јолевски и заменик-министерот за внатрешни работи Митко Чавков. Во изјава за медиумите тој потврди дека полесно биле повредени неколку припадници на безбедносните сили.
- Со поставување ограда на јужната граница со Грција денеска почна операционализацијата на заклучоците на Националниот совет за безбедност запреземање техничко-тактички мерки за насочување на протокот на бегалците кон контролните пунктови заради нивна регистрација и хуман третман во земјава. Со активностите што ги почнавме денеска ние им помагаме на мигрантите, но и на Европа подобро да се органиизра и канализира и во различни форми да се стеснува и организира рутата низ која минуваат низ нашата земја, заради зголемување на безбедноста наша, но и на мигрантите и да се минимизираат безбедносните ризици, рече Тодоров.
Посочи дека границата останува отворена и понатаму и дека денеска протокот на мигранти од подрачјата со воени дејства (Сирија, Авганистан и Ирак) бил вообичаен и течел без проблеми од нивното доаѓање во кампот до ниво заминување кон север.
По состанокот делегацијата замина на местото каде се одвиваат работите за поставување на оградата и на медицинските пунктови и другите служби во Привремениот транзитен центар за мигранти во Гевгелија.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението