Македонија
8. January 2024 - 12:44

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ го девастираа системот

СДС и ДУИ го девастираа системот во Македонија, институциите партизирани и заробени, криминалот, корупцијата и бандите царуваат со државата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, испратено утрово.
Само со СДС и ДУИ упад во објект од критична инфраструктура се заташкува и се сведува на помалку од ситна кражба во продавница.

Партизираните судство и обвинителство, како и МВР на Спасовски повторно докажаа дека се во служба пред се на ДУИ, каде СДС е само нем послушник.

Доколку ваков скандал, односно ваков бандитски упад се случеше на аеродром од западниот свет каде Македонија се стреми, како Вашингтон, Париз или Брисел истиот ќе беше третиран како терористички чин, за што потврдуваат и деновиве бројни експерти од воздухопловството, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.